Почетна / За нас

За нас

FrutiSmoothie брендот е во сопственост на АС Фрут Груп ДОО која како компанија е формирана 2016 година. Единствената цел на нашата компанија е да го подобри начинот на живеење на луѓето во Македонија преку производство на 100% природни сокови. 

Водени од оваа цел, менаџментот на компанијата не штедеше при имплементирањето на најсовремена технологија која нема да го компромитира квалитетот на крајниот производ - свежо цеден сок - и притоа да го збогати со витамини. Сите сокови произведени и пуштени во продажба под брендод FrutiSmoothie не содржат никаков концентрат и вештачки бои.

Нашите сокови се добиени преку процес на ладно цедење и пресување на македонско свежо овошје од контролирано потекло, потоа се пастеризирани со кратка пастеризација без да им биде додадено вода и шеќер. На овој начин се грижиме овошјето да ги задржи сите витамини и хранливи состојки. Произведениот сок се пакува во стерилна стаклена амбалажа и во bag & box.

Постоиме за да го подобриме квалитетот на живот. Да користиме само суровина (овошје) произведено во Македонија.

Маркет:

Моментално сме застапени во малопродажба во повеќе од – маркети низ целата држава. Нашето присуство на пазарот постојано се зголемува како териториска покриеност и така и со лансирање на нови сокови во продажба. Нашата цел е до 2017 да го покриеме целиот пазар во Македонија со 100% природни сокови кои не содржат конзерванси и шеќери.

Свежо цедените FrutiSmoothie сокови се комплетно нова категорија на сокови кои се презентирани на пазарот во Македонија во 2016 година. Моментално нашито производство опфаќа два вида на сокови и тоа Свежо цеден сок од јаболко и Свежо цеден сок од јаболко и праска. Во план е од наредната година да се лансираат и нови сокови на пазарот од овошја кои се застапени во Македонија. Како што и претходно се изнесовме, Фрут Груп ДОО, овошјето го набавува од домашни производители кои имаат имплементирано контролирано органско овоштарство.

Пакувања:

FrutiSmoothie соковите се продаваат во четири различни пакувања:

- Bag in Box која значително го намалува трошокот за пакување но за сметка на тоа ја зголемува трајноста на сокот до 14 дена по отварањето.

- Мала амбалажа од 200 мл, наменета за ширка потрошувачка кај сите старосни групи. Практично пакување полно со витамини. Целта на нашата компанија е да ја одвикне ранливата група (младите и децата) од консумурање на пијалоци кои содржат конзерванси, концентрати и шеќери.

- Мала стаклена амбалажа од 200 мл. Нашиот незаменлив 100% природен сок во компактна амбалажа за угостителски објекти.

- Голема стаклена амбалажа од 1л.

Доколку сакате да станете наш партнер – дистрибутер контактирајте не.

Со Почит,

AC Фрут Груп ДОО, Скопје

ул. Браќа Галеви бр. 6Б

Тел: +38977666668

Емаил: info@frutismoothie.mk