Според истражувањето спроведено од страна на канадските научници, пиењето сок од јаболко е многу здраво. Содржи многу анти-вирусни компоненти, витамини и целулоза. Не само што е здрав туку е и многу вкусен. Секојдневната конзумација може да има бенефицирани ефекти на нашиот изглед.

Нашите баби и мајки умеат да кажат дека јадењето јаболка е корисно за нашето  здравје. Една англиска поговорка вели : “едно јаболко на ден го држи докторот подалеку“. Јаболките освен што се здрави се и многу вкусни и хранливи.  

Содржат многу витамин Ц, минерали, пектин и кверцетин кој го детоксицира нашето тело фиксирајќи ги тешките метали. Пектинот пак го заштитува организмот од срцев удар и склероза намалувајќи го абсорираниот холестеролот од нашето тело. Витаминот Ц го зајакнува нашиот имун систем. Најмногу витамин Ц има во малите, кисели јаболка. Благодарение на калиумот кој го содржат , го регулираат балансот на вода во нашиот организам а со железоto во нивниот состав , спречуваат анемија. Исто го подобрува варењето на храната и ја регулираат столицата. 

Кога доаѓа до нашиот изглед, витаминот Ц го чисти нашето тело од слободните радикали и  спречува нашата кожа да стане млитава. Заедно со витаминот П, ја зажтитуваат нашата кожа против  формирање на телеангиектазии.

Она што треба да се запамти е дека не сите типови на сок од јаболка се исти. Повеќето хранливи состојки се јавуваат во сокот кој е подложен на најмала обработка. Затоа е многу важно да го прочитате пакувањето на кутијата.  Потребните состојки ќе ги најдите во свежите сокови од јаболка, по можност од органски фарми. Со самото тоа што јаболката содржи многу фруктоза, дополнителното додавање на шеќер е целосно непотребно. 

Responses