Дали би сакале да купите 100% природно исцеден сок без конзерванси и вештачки бои од Македонски јаболки и праски? Тогаш се наоѓате на вистинското место.

Нашата комапнија е специјализирана за продажба на свежо цедени сокови од јаболка и јаболка и праска, моментално само на домашниот пазар. 

FrutiSmoothie брендот е во сопственост на Фрут Груп ДОО која како компанија е формирана 2016 година како законска форма на друштво со ограничена одговорност.  Нашата компанија е група производители на овошје, што значи дека ние самите немаме фарми и производство на јаболка и праска. 

Процесот на добивање на соковите е преку имплементирање на најсовремена технологија на ладно цедење на македонско свежо овошје. Пастеризацијата се врши со кратка пастеризација без додавање на вода и шеќер при што на овој начин овошјето си ги задржува сите витамини и хранливи состојки. 

Нашите производи се застапени во малопродажба на домашниот маркет. Нашето присуство на пазарот постојано се зголемува како териториска покриеност и така и со лансирање на нови сокови во продажба. Нашата цел е до 2017 да го покриеме целиот пазар во Македонија со 100% природни сокови кои не содржат конзерванси и шеќери.

Responses